Откако ги помина првите неколку дена одмор со семејството во Швајцарија, Џердан Шаќири реши да го продолжи летниот одмор на Медитеранот.
Шаќири изнајми луксузна јахта за себе и за неговите пријатели, а во моментов се наоѓа во близина на Форментера, Шпанија. Фудбалерот на Ливерпул очигледно ужива во заслужената пауза, иако тој не играше многу оваа сезона.
Се појавија и фотографии од одморот на Шаќири и беше очигледно дека папараците не траеја долго за да го лоцираат.
Но, она што го привлече вниманието на многумина е фактот дека Шаќири заборави на сончањето, барем судејќи според фотографиите објавени денес.
