ФУДБАЛ

Фудбалерот на Ливерпул изјави: Уникатна сезона, шампионот ќе има околу 80 бода

По 17 одиграни кола во Премиерлигата, првопласираниот Ливерпул има седум бода повеќе од десеттопласираниот Вест Хем.

Тоа ни кажува дека гледаме прилично неизвесна сезона, а фудбалерот на Ливерпул, Ендру Робертсон смета дека шампионот ќе заврши со околу 80 поени.

“Оваа сезона ќе биде единствена. Мислам дека има седум или осум екипи кои се борат за титулата”, рече Робертсон и додаде:

“Со сигурност можам да кажам дека оваа сезона шампионатот нема да биде освоен со 97 или 98 бода. Победникот веројатно ќе има околу 80 бода, бидејќи има напната борба, сите губат бодови”, додаде фудбалерот на Ливерпул.

Да потсетиме, Ливерпул во моментов води со 33 бода колку што е второпласираниот Манчестер Јунајтед. На 3-то место е Лестер со бод помалку, додека Тотенхем е на 4-то место со 29 бода. Петтопласираниот Манчестер Сити има исто, додека Евертон, Астон Вила, Челзи, Саутемптон и Вест Хем се рангирани од 6 до 10 место. Сите тие постигнаа до 26 поени.