ФУДБАЛ

Фудбалерот на Ливерпул потврди дека заминува, следна дестинација Реал Мадрид!

Англискиот дефанзивец Трент Александар-Арнолд (26) официјално го напушта англискиот Ливерпул на крајот од сезоната.

Александар-Арнолд јавно се збогува со клубот во кој беше член 20 години. Роден е во Ливерпул и е во истоимениот клуб од детството, за кој постигна 23 гола и асистира на 92 гола во 351 натпревар.

Со Ливерпул освои сè, две титули во англиското првенство и два Лига купа, како и по една Лига на шампиони, ФА Куп и Светско клупско првенство. Оваа сезона има четири гола и осум асистенции во 41 натпревар, а според Transfermarkt, вреди 75 милиони евра.

Брилијантниот Англичанец најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Реал Мадрид. Ова го потврди Фабрицио Романо, кој пишува дека Реал ги финализира последните детали и документи. Реал на тој начин ќе ја засили најслабата позиција во тимот од летото со еден од најдобрите играчи во светот на позицијата десен бек.

 

ПОВРЗАНО

Лига на шампиони