ФУДБАЛ

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед најде начин да заработи пари за време на пандемијата

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард, најде начин да заработи пари за време на пандемијата на коронавирус.

Пред неколку дена, Лингард на својот профил на Инстаграм откри дека создал голем број на заштитни маски кои го носат логото на неговиот бренд.

Играчот од средниот ред на Јунајтед откри дека една од овие маски чини дури 12 фунти, но дека ќе ги донира сите приходи во хуманитарни цели, односно на здравствените институции во Англија кои се борат против пандемијата.

„Се надевам дека сте добро и безбедни. Заштитните маски со трговската марка се продаваат од 15 јуни. Ќе ги донирам сите пари на NHS за да им помогнам во оваа борба“, рече Лингард.