Узбекистанскиот репрезентативец Абдукодир Хусанов (21) пред неколку месеци направи потег во кариерата со преселба во Манчестер Сити, а англискиот тим за неговите услуги плати дури 40 милиони евра. Помалку познатиот централен бек го облече дресот на Ленс и го привлече вниманието на Пеп Гвардиола, кој инсистираше на неговото доаѓање во Премиер лигата. Како фудбалер на Манчестер Сити, талентираниот Узбекистанец заработува 290.000 евра месечно, што се сосема пристојни пари за момче на негова возраст.
Исто така, Хусанов заслужи голема почит и во родната земја, каде на репрезентативен собир беше пречекан со скап подарок. Иако и самиот може да си дозволи ваков автомобил, Фудбалската федерација на Узбекистан го почести со нов Мерцедес кој чини поприлично …
По пристигнувањето на репрезентативниот собир, на Кусанов му беше врачен луксузен мерцедес Г-класа од Улугбек Асонбоев, еден од челниците на Фудбалската федерација на Узбекистан. Инаку, цената на ова возило во зависност од опремата е до 270.000 евра. Погледнете како изгледаше предавањето на клучевите од новиот автомобил на младиот фудбалер:
🇰🇿Kazakh football official Ulugbek Asonboev gifted Mercedes-Benz G-class to Manchester City defender Abdukodir Khusanov 🇺🇿 pic.twitter.com/2SxWgm91iZ
— Jalol Akhmedov🇺🇿 (@JalolAkhmedov) March 17, 2025
