ФУДБАЛ

Фудбалерот на Милан е лут на поранешниот тренер: Тогаш не гледав тим, со Пиоли е поинаку

Милан оваа сезона е во голема криза во Серија А.

Новиот тренер, Марко Џампаоло, пристигна на клупата на „Росонерите“ и го предводеше тимот на почетокот на сезоната, но беше отпуштен по серијата лоши резултати кон крајот на септември.

Тој беше заменет со Стефано Пиоли, сепак, Милан продолжи слабо и постигна само една победа на шест натпревари, со две реми и три порази, и сега се наоѓа на 14-то место.

Сепак, играчот на овој тим, Сусо, изјави дека Милан предводен од Пиоли изгледа како тим, додека Џампаоло го предводеше не беше така.

„Она што ме лути е што не гледав тим. Со Пиоли е различно, ме потсетува на Гатусо“, рече Сусо за „Sky Sport Italia“.

 
„Тој сака да зборува, нè прашува што мислиме или како се чувствуваме. Во современиот фудбал, психолошкиот аспект е многу важен“, додаде Сусо, кој истакнува дека сè уште е во контакт со Гатусо, кој го водеше Милан минатата сезона.

„Го гледав на телевизија кога бев дете. Милан беше полн со шампиони. Кога пристигна, веднаш станавме посилни. Имавме одлична врска и сега сме во контакт“.

„Ви кажува што е, како е, директно во лице. Без разлика дали е добро или лошо“, заврши Сусо.

ПОВРЗАНО

Серија А