ФУДБАЛ

Фудбалерот на Реал ја исмева Барселона, неговиот коментар доби над 11 илјади лајкови

Барселона ги шокираше своите навивачи и испадна од Лигата на Европа синоќа на „Камп Ноу“ со пораз од Ајнтрахт Франкфурт (2:3).

Барселона беше неубедлива и на првиот меч во Франкфурт, за синоќа целосно да разочара. Германците дури водеа со 3-0, Барса успеа да постигне два гола, но тоа не беше доволно за полуфинале на нешто понеатрактивно натпреварување од Лигата на шампионите.

Место меѓу четирите најдобри екипи во ЛЕ обезбедија и Лајпциг, Вест Хем и Глазгов Ренџерс, а Барса сезонава ќе остане без трофеј.

Како што обично се случува на релација Барселона-Реал Мадрид, штом едниот ќе се сопне, навивачите, а понекогаш и играчите на другиот великан се будат. Претежно ривалите се јавно исмеани кога губат. Иако тоа најчесто го прават навивачите и поранешните играчи, сега истото го направи и еден сегашен фудбалер.

Едер Милитао, стоперот на Реал Мадрид со насмевка на раната на Каталонците со насмеано лице „умира од смеење“ во објава на социјалната мрежа.

Каналот „Footy Things“ изјави дека Барселона испаднала од Лигата на шампионите (групна фаза), четвртфиналето на Европската лига, полуфиналето на шпанскиот Суперкуп, Купот на кралот и заостанува 12 бода зад Реал во овој момент, по што Бразилецот оставил насмевка и предизвика огромни реакции.

За кратко време доби над 11.000 лајкови, но и неколку илјади други реакции од обожавателите кои го видоа неговиот коментар.

Секако, симпатизерите на Барселона брзо ќе го потсетат дека нивниот тим во Мадрид неодамна го победи Реал со 4-0.