ФУДБАЛ

Фудбалерот на Реал Мадрид се пресели во Ваљадолид

Стоперот на Реал Мадрид, Хави Санчез ќе остане во Ваљадолид затоа што овој тим го купил неговиот договор.

Тој беше на позајмица во Ваљадолид уште од минатото лето и клубот одлучи да го откупи неговиот договор и нема да се врати на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

23-годишниот Санчез доби само две минути во Ла Лига оваа сезона пред неколку дена против Леганес. Причината за неиграње е тешката повреда на стапалото што го одвои од теренот дури пет месеци.

Санчез ја започна својата кариера во Реал академија како осумгодишно момче и запиша вкупно пет сениорски натпревари за клубот.

За крај, само да додадеме дека неговиот Ваљадолид скоро сигурно нема да има проблем да остане во Ла Лига, бидејќи тој во моментов има седум бода повеќе од опасната зона. Во следното коло, оваа екипа ќе игра дома против Селта Виго.

ПОВРЗАНО

Ла Лига