ФУДБАЛ

Фудбалерот на Сампдорија позитивен на тестирањето за коронавирусот

Сампдорија денеска потврди дека Маноло Габиадини бил позитивен на тестирањето за коронавирусот.

„Јас бев позитивен на тестирањето за коронавирусот. Сакам да ви се заблагодарам на сите за многуте пораки што ги добив. Исто така сакам да ви кажам дека сум добро, затоа не грижете се. Следете ги правилата, останете дома и сè ќе се среди“, изјави Маноло.