ФУДБАЛ

Фудбалерот на Тотенхем се огласи од болница откако колабираше на теренот на мечот со Ливерпул (ВИДЕО)

Фудбалерот на Тотенхем, Родриго Бентанкур, кој загуби свест за време на полуфиналето на англискиот Лига куп синоќа против Ливерпул, се чувствува добро.

Уругваецот од болница упати порака до навивачите.

– Сè добро, момци! Ви благодарам за пораките! „Честитки за победата на мојот тим! – напиша Бентанкур на социјалните мрежи.

Бентанкур колабираше во 8.минута и беше изнесен од теренот на носилки. Подоцна се освести и беше хоспитализиран за дополнителни испитувања. Инаку, Тотенхем го доби мечот со 1:0 против Ливерпул во Карабао Купот.