Во средата Партизан го освои белградското дерби со минимални 1:0 и со тоа заслужено се квалификуваше за финалето на Купот на Србија со одлична игра на Садик.
Со единствениот гол на натпреварот, Садик го посрамоти Милош Дегенко, па дефанзивецот на Звезда беше мета на потсмев и провокација по натпреварот.
Дегенек неколку дена молчеше, и реши да реагира на провокациите со две мотивациони пораки. Тој одговори на критичарите преку Инстаграм.
„Што ти е гајле што мислат другите? Да се има мозок би те натерало да мислиш на себе, а не за другите“, напиша Дегенек во првиот пост.
„Она што се нарекува живот можеше да помине без тебе, но не беше и нема, така да престани да зборуваш, качи се горе и да помини низ оваа игра“, заклучи тој.
