ФУДБАЛ

Фудбалерот од средниот ред на Јувентус беше исфрлен од репрезентацијата откако ја мина ноќта со сестрата на својот соиграч? (ВИДЕО)

Фудбалерот од средниот ред на торинскиот Јувентус и репрезентацијата на Соединетите држави, Вестон Мекени (23), беше исфрлен од националниот тим поради кршење на „Ковид“ протоколот.

23-годишникот беше исфрлен од тимот од тренерот Грег Берхалтер, откако доведе лице во хотелска соба и со тоа го прекрши „Ковид“ протоколот.

Одредени медиуми во САД пренесуваат дека Мекени завршила во хотелската соба со сестрата на еден од неговите соиграчи, но оваа вест не била потврдена.

Американскиот тренер Грег Берхалтер ја објасни ситуацијата со играчот за врска на Јувентус и посочи дека смета дека ова е најдобрата одлука.

“Тимот е пред се. Го направивме она што мислевме дека е најдобро за тимот. Верувај ми, тоа не беше лесна одлука”, рече американскиот тренер Грег Берхалтер.

Мекени нема да игра на вечерашниот квалификациски меч за СП против Хондурас, но се очекува повторно да биде повикан за следната акција.