ФУДБАЛ

Фудбалот се враќа таму каде што не беше 10 години

Сите знаеме што се случуваше во Сирија во изминатите години, а со оглед на целокупната ситуација, секако дека немаше спорт во оваа земја.

 

Сепак, се чини дека доаѓаат подобри времиња кога станува збор за спортот во Сирија, барем ако може да се верува во она што го зборуваат луѓето од ФИФА.

 

Имено, ФИФА излезе со соопштение во кое потврдија дека ќе ја истражат можноста за одигрување пријателски натпревари во оваа земја.

Натпреварите би се играле во главниот град на оваа земја, Дамаск, каде би се одиграле пријателски натпревари меѓу Сирија и некои од светските селекции.

 

На оваа тема се одржаа неколку средби и се чини дека ќе се оствари, но се уште е прашање кога и на кој начин.

 

Иако Сирија не објави ништо за сето ова, нивните наводи се само дека во нивната земја се прекршуваат човековите права и дека не размислуваат за фудбал.

Сепак, од ФИФА велат дека сакаат да го прекинат сето она што се случува со фудбалот и спортот и на некој начин да помогнат.

 

Порано се беше засновано на идеи, но ФИФА почна сериозно да се однесува кога е во прашање оваа тема, а во блиска иднина може да се очекува и пријателски натпревар.

 

Десет години нема фудбал во оваа земја и секако ќе биде убаво повторно да се видат сцени кои се секојдневие и нешто „нормално“ за сите нас.

 

На крајот, останува да се види како челниците на ФИФА имаат намера се да стават на дело.