Фудбалските власти во последните години беа под огромен притисок од сите конечно засекогаш да ги решат дилемите за офсајд.
Правилото за офсајд предизвикува најмногу контроверзии и понекогаш погрешните проценки можат да го одлучат победникот, а на крајот и освојувачот на трофејот, без разлика дали е домашен или меѓународен.
Токму поради оваа причина ФИФА воведе систем кој засекогаш ќе го промени фудбалот. За некои ова е дефинитивен влез на роботи во овој спорт.
Тоа е технологија која ќе им помогне и на судиите и на навивачите. Судиите за неколку секунди ќе бидат информирани дали се работи за офсајд, додека публиката ќе биде прикажана на големиот екран на стадионот во 3Д анимација зошто е донесена одлуката.
Тестирањето веќе започна на Светското клупско првенство кое во моментов е во тек, а оваа технологија и официјално ќе влезе во фудбалот на Светското првенство во Катар на крајот на годината.
„Сакаме да имаме попрецизни и побрзи одлуки во случај на офсајд. Знам дека некои ова ќе го наречат робот за офсајд, но тоа не е така“, изјави првиот човек на судискиот комитет на ФИФА, Пјерлуиџи Колина.
„Главните судии и помошниците сè уште се одговорни за одлуките на теренот. Технологијата им нуди само валидна поддршка за да носат одлуки што е можно побрзо и попрецизно, особено кога е тешко да се одлучи дали бил во офсајд“, додаде легендарниот Италијанец.