Манчестер Сити оствари минимален и сосема заслужен триумф во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Голот на Кевин Де Брујне на „Етихад“ го совлада Атлетико Мадрид со 1-0.
За очекување беше избраниците на Диего Симеоне да играат дефанзивно, но она што се гледаше во поголемиот дел од натпреварот беше повеќе од строга одбрана бидејќи гостите многу често стоеја во два блока од по пет играчи.
Првото полувреме мина во иницијатива на Тернес и поседување на топка од домашните фудбалери кои не успеаја да го најдат патот до голот на Облак.
И покрај силните напади, Граѓаните не создадоа ниту една сериозна можност против перфектната одбрана на Атлетико, па на одмор заминаа со резултат 0:0.
На стартот од вториот дел гостите имаа неколку ситуации да се заканат од контра, но сето тоа заврши без поголеми проблеми за Едерсон.
Во 65. минута Де Брујн му ги загреа дланките на Облак. Словенечкиот голман некако успеа да го одбрани својот слободен удар од работ на шеснаесетникот.
Гвардиола во 68. минута Гвардиола прави тројна замена. Во 68. минута излегоа Стерлинг, Гундоган и Махрез, а влегоа Хесус, Гралиш и Фоден.
Граѓаните поведоа две минути потоа. Де Брујн ја затресе мрежата на асистенција на Фоден.
До крајот на натпреварот Сити продолжи да напаѓа со намера да го постигне вториот гол. Имаше неколку опасни ситуации. Сепак, немаше промена на резултатот.
Со оглед на се видено, може да се каже дека фудбалот победи на „Етихад“, а реваншот „Граѓаните“ за осум дена во Мадрид ќе го дочекаат со заслужена предност.