ФУДБАЛ

Фудбалски танц во Лисабон: Манчестер Сити го разби Спортинг

Манчестер Сити на сила ја започна нокаут фазата од Лигата на шампионите и веќе во првиот осминафинален натпревар му покажа на Спортинг дека нема што да бара на овој дуел.

Избраниците на Пеп Гвардиола одиграа атомски натпревар, а на полувремето веќе имаа предност од 0:4.

Се започна во седмата минута кога Махрез погоди за 0-1, а голот беше примен по прегледување на ВАР.

Во 17. минута Силва со убав гол го зголеми водството на гостите на 0:2. Вкупниот дебакл на домаќините го потврди Фоден со гол во 32. минута, а асистент вечерва беше одличниот Махрез.

Полувремето да биде вистински кошмар за Лавовите се погрижи Силва со нивниот втор гол во 45. минута за 0:4.

Подолу е истата слика на теренот и едноставно вечерашниот натпревар беше еднонасочна улица.

Сити не го повлече пиштолот, а во 50. минута голот на Силви беше поништен по проверка на ВАР.

Сепак, во 58. минута немаше одбрана за Спортинг кога Стерлинг погоди за 0:5 на асистенција на расположениот Силва.

По голот на Стерлинг уште неколку шанси за Сити, но во Спортинг можат да се радуваат што до крајот не примија уште еден гол и резултатот е 0:5 .

Граѓаните уште пред реваншот на „Етихад“ одговорија на прашањето на првиот четвртфиналист од оваа сезона во Лигата на шампионите.