ФУДБАЛ

Фудбалскиот свет зборува за новата срамота на Јунајтед, но и за потегот на Кристијано Роналдо

Манчестер Јунајтед вчера доживеа нов срам во Премиер лигата.

Стадионот Комјунити во Брентфорд го виде вистинскиот срам на „црвените ѓаволи“ кои беа поразени со 4:0 во 2. коло од Премиер лигата и го продолжија хоророт што траеше минатата сезона.

Кристијано Роналдо и денеска се удави во сивилото на остатокот од тимот, а и по крајот на натпреварот Португалецот беше во центарот на вниманието поради своите постапки.

Лутиот Роналдо одби да ги поздрави навивачите по натпреварот. Тој ладнокрвно помина покрај нив додека го поздравуваа и уште еднаш покажа дека навистина не се грижи за нив.

Исто така, ЦР не го поздрави ниту менаџерот Ерик тен Хаг. Тој помина покрај него и многумина веруваат дека тоа е јасен знак дека Португалецот не сака да остане во клубот ниту секунда.

По натпреварот, менаџерот Ерик тен Хаг објави дека нема квалитетни играчи за да направи нешто повеќе со Јунајтед.

Потребни ни се нови, поквалитетни играчи. Ќе се обидеме да ги убедиме да дојдат кај нас“, изјави Тен Хаг.

Адриен Рабиот од Јувентус наскоро би требало да стане нов член на Јунајтед, а клубот со сите сили се обидува да ја ангажира ѕвездата на Барселона, Френки де Јонг.

Седум играчи на Јунајтед по натпреварот отишле кај навивачите за да побараат прошка. Давид де Геа, Скот Мектоминај, Ентони Еланга, Маркус Рашфорд, Бруно Фернандес, Дони ван де Бик и Диого Далот.

Хари Мегваер гледаше сè од безбедно растојание, кој повторно не се однесуваше како капетан.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига