ФУДБАЛ

Фудбалскиот терминатор стана многу ранлив: Има се повеќе сериозни проблеми со повреди

Борусија Дортмунд денеска доби многу лоши вести.

Ерлинг Халанд заработи нова повреда и нема да биде на теренот во следните неколку недели.

Штом се врати на теренот по повредата, следеше нова, а овој пат се здоби со непријатна повреда на колкот.

Тоа ќе го одвои од теренот на неколку недели, но очигледно е дека Халанд би морал малку да забави во наредниот период.

Со години тренира како ѕвер. Тоа често го покажува на социјалните мрежи, а уште по оваа победа најави дека се враќа уште посилен.

“Време е да се посветам на закрепнување. Ќе се вратам уште посилен”, рече Халанд.

Норвешкиот напаѓач оваа сезона одигра 10 натпревари за Борусија и постигна 13 гола со четири асистенции.