Во Фулам не планираа да го продадат српскиот напаѓач Александар Митровиќ, но не можеа да ја одбијат одличната понуда на саудиски Ал Хилал вредна 55.000.000 евра за Србинот.
Така тој замина во Саудиска Арабија, а Фулам почна да бара негова замена.
Одлучено е тоа да биде бразилскиот репрезентативец, центарфорот на Фламенго, Педро.
Станува збор за момче родено 1997 година кое во тековната сезона за клубот од Маракана постигна 23 гола на 39 натпревари.
Фулам испратил понуда од 25.000.000 евра до Фламенго за Бразилецот, но таа била одбиена. Според извештаите од Англија, наскоро следи и втора понуда, ќе биде „тешка“ околу 30.000.000, а се очекува Бразилците да ја прифатат.
Така Фулам ќе најде замена за Митровиќ, а Педро за прв пат во кариерата ќе се обиде со англискиот фудбал. Фудбалерот веќе ги договорил личните услови со потенцијален нов клуб.
