Фудбалерот на Фулам, Тосин Адарабиојо нема да биде продаден во зимскиот преоден рок и покрај интересот на неколку клубови, објавија денеска англиските медиуми.
Според медиумите, за 25-годишниот дефанзивец се заинтересирани четири клуба од Премиер лигата и уште два европски клуба.
Фулам не е подготвен да го продаде и работи на обновување на неговиот договор кој истекува на крајот на јуни 2024 година.
Сезонава одигра 14 натпревари во Премиер лигата, од кои 12 како стартер.
