ФУДБАЛ

Фулам остана без бодови против Астон Вила

Астон Вила го совлада Фулам со 3:1 во 30. коло од Премиер лигата.

Сите четири погодоци беа видени во второто полувреме, а гостите од Лондон останаа без поени за три минути на овој натпревар.

Фулам поведе во 61-та минута. Александар Митровиќ искористи голема грешка на Мингс и постигна гол за 0:1.

Овој резултат остана на семафорот до 78-та минута кога Вила изедначи. Мингс асистираше, а Трезеге погоди за 1: 1.

Само три минути подоцна истиот играч погоди за 2:1, а во 88. минута Оли Воткинс стави точка на овој натпревар за конечни 3:1.

 

ПОВРЗАНО

Премиер Лига