ФУДБАЛ

Фулам потврди два случаи на коронавирус

Двајца фудбалери на Фулам се меѓу тројцата луѓе кои тестираа позитивно за коронавирус во последното коло од тестирањето во англиската лига.

Ова е потврдено од редовите на овој клуб.

„После вториот круг на тестирање на коронавирус, можеме да потврдиме дека нашите двајца членови се позитивни“, се вели во изјавата на Фулам.

Поради медицинска доверливост, тие изјавија дека нема да наведат кои играчи се во прашање.

Тие се во изолација во согласност со упатствата на Владата и на лигата.

Покрај двајцата од Фулам, позитивен е и еден фудбалер на Блекбурн.

Тој е во самоизолација и нема симптоми на болеста.