ФУДБАЛ

Фуриозен Арсенал и изгубен Тотенхем: Никој не очекуваше ваков резултат на Емирати

Арсенал ја започна новата сезона во Премиер лигата со три последователни порази, а Тотенхем со три последователни победи.

Првото дерби сезонава во северен Лондон се игра на стадионот „Емирати“. По првото полувреме, резултатот беше „чудесен“ во корист на Топџиите.

Имено, Арсенал играше фуриозно во првите 45 минути и има огромни 3:0. Резултат во кој не веруваа, дури и нај големите оптимисти пред натпреварот.

Домашните поведоа во 12. минута преку Смит Роу, Аубмејанг зголеми во 27. минута, а Сака го надополни одличното прво полувреме во 34. минута.

Ќе видиме дали Тотенхем има одговор во второто полувреме или Арсенал ќе продолжи со неверојатна игра.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига