Капитенот на Атлетико Мадрид, Габи синоќа постигна еден од трите гола за својот тим во финалето на Лига Европа против Марсеј и помогна „јорганџиите“ да ја освојат новата титула во ова натпреварување.
Габи беше стрелец на третиот гол, а по натпреварот, како капите го подигна трофејот на Лига Европа – натпреварувањето што тој пред неколку месеци го нарече сра*е
По ремито со Qarabag во четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампионите минатата есен Габи беше многу разочаран, а причината е во тоа што тој веќе знаеше дека на пролет ќе игра Лига Европа. Потоа тој кажал дека ова натпреварување било сра*е.
“Сега јас би рекол дека Лига Европа е сра*е, иако таа ми даде многу во мојата кариера. Она што моментално ме боли е дека ништо не е во наши раце. Мора да ја победиме Рома и да се надеваме дека Qarabag може нешто против Челзи. Во моментов немаме шанса за осмина – финале. Мораме да продолжиме да работиме напорно и да учиме од овие грешка “, рече Габи.
Не е важно што за Лига Европа смета дека сра*е, Габи и тоа како му се израдува на овој трофеј ова натпреварување и беше многу среќен дека како капитен го подигна трофејот. Сепак, јасно е дека тој е среќен што нема да игра во ова натпреварување следната сезона, туку во Лигата на шампионите.