Габриел Барбоса пристигна летото 2016 година како големо засилување во Интер од Сантос.
Интер плати дури 30 милиони евра за бразилскиот тинејџер во тоа време, но популарниот Габигол не ги оправда очекувањата на Меаца.
Тој одигра само десет натпревари во својата прва сезона за Интер и постигна само еден гол. Една година после тоа замина на позајмица во Бенфика каде исто така не играше.
На крајот, Габигол се врати во Фламенго, што беше одличен потег бидејќи игра во одлична форма, а најзаслужен е што овој клуб го освои трофејот во Копа Либертадорес по 38 години.
Неговиот агент Вагнер Рибеиро исто така зборуваше за неговото време во Интер, велејќи дека поединци му биле љубоморни на Габигол и не му дозволувале да успее во Интер.
“Тие многу се забавуваа кога тој пристигна во Интер, многу повеќе отколку кога Кака дојде во Милано. Не го сакаа Мауро Икарди и Хавиер Занети кои беа љубоморни на него. Тој е одлична личност и покажа во Фламенго каков играч е тој. Во Интер не го оставија да успее “, рече Рибеиро.