Не се смирува невремето во Бразил по репрезентативниот список на селекторот Тите за Светското првенство во Катар.
Меѓу напаѓачите ги нема Роберто Фирмино, Матеус Куња и Габриел Барбоса. Сите тројца очекуваа покана, а непоканата посебно ги погоди Куњa и Барбоса. Куња за малку ќе се расплакаше, додека Барбоса беше подиректен кон тренерот.
Габриел Барбоса, популарниот Габигол, е играч на бразилскиот Фламенго и една од најголемите ѕвезди на фудбалот на земјата. Веќе некое време игра во добра форма, а за репрезентацијата има пет гола на 18 натпревари.
Бидејќи Тите не го покани, Барбоса се огласи на социјалните мрежи. На фотографијата селекторот и тој слават, а во продолжение пораката:
„Нема поголем непријател од лажниот пријател“.
Brazil's Gabigol has been crying all over Instagram Tite dropped him. I don't know who told him that was going to make the list 😂😂 pic.twitter.com/UyWOurXDz8
— YouSceneThis? (@YouSceneThis) November 8, 2022
Да потсетиме, бразилските медиуми пишуваа дека Тите имал посебно барање од бразилската репрезентација:
„Тите побара играчите да ги лажираат повредите за да избегнат да играат за клубови во наредниот период“, ги пренесува зборовите на Габигол О Глобо и додава:
„Габигол го праша Тите каква повреда треба да одглуми. Овој му кажа дека не треба ништо да се преправа бидејќи нема да го однесе на Светското првенство“.
Бразил е во група со Србија, Швајцарија и Камерун. Првиот натпревар ќе го има против Србија на 24 ноември.