ФУДБАЛ

Габигол пристигнува во Лондон

Бразилскиот напаѓач Габриел Барбоса би можел да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига.

Според бразилските медиуми, популарниот Габигол би можел да ја продолжи кариерата во редовите на лондонскиот Челзи, кој е сериозно заинтересиран за неговите услуги.

Менаџерот, Френк Лампард сака да го засили напаѓачкиот дел од тимот со еден квалитетен голгетер, а изборот му падна на Бразилецот.

Ќе видиме дали Барбоса на крајот ќе заврши во Лондон овој месец или ќе остане член на Фламенго.

Габигол во кариерата досега го носеше дресот на Интер, Сантос и Бенфика, а во дресот на Фламенго во последните две години постигна 43 гола на 59 натпревари.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига