ФУДБАЛ

Габриел Жесус го скрши проклетството на „Етихад“!

Бразилскиот напаѓач Габриел Жесус конечно го скрши проклетството на стадионот „Етихад“.

Жесус има одлична сезона во моментов, можеме да кажеме најдобар од неговата кариера, но на „Етихад“ тој во никој случај не можеше да постигне гол.

Тој постигна вкупно 10 голови оваа сезона пред денешниот натпревар против Лестер, а ниту еден не беше на домашен терен. Патем, дури и последните 14 голови за Сити Жесус ги постигна на гости.

Сепак, таа негативна низа беше прекината денес против Лестер кога постигна за предност на својот тим од 3:1 по асистенцијата на Кевин Де Брујн.

Тоа беше шестиот гол на Жесус во Премиер лигата оваа сезона што веројатно треба да му даде крилја за многу подобри игри на „Етихад“ во иднина.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига