Новак Ѓоковиќ пристигна во Валенсија на претстојните натпревари од Дејвис купот против домаќинот Шпанија.
Најдобриот тенисер на сите времиња тренираше во Валенсија, по што следуваше прес-конференција на која го покажа своето течно познавање на шпанскиот јазик. Освен еден збор.
Ѓоковиќ не можеше да се сети на шпанскиот збор за „исчезнат“. Новинарите низ смеа му помогнаа, а тој го извади телефонот и напиша во белешките. Познато е дека Новак е вистински полиглот и дека обожава да ја поздравува публиката на големите турнири на нивниот јазик, овој гаф особено им беше симпатичен на Шпанците.
Србија во петок ќе игра против Шпанија, а ден подоцна и со Чешка.
Пласман на завршниот Дејвис куп турнир кој ќе се игра од 21 до 26 ноември во Малага, ќе добијат двете најдобри селекции од групата.
Everyday is a school day for @DjokerNole 📝🇪🇸#DavisCup | @TSSRBIJE pic.twitter.com/b9leB3gvEK
— Davis Cup (@DavisCup) September 14, 2023
