ФУДБАЛ

Гакпо ја продолжи голгетерската серија, Де Јонг го потврди првото место за Холандија!

Фудбалската репрезентација на Холандија ја совлада селекцијата на Катар со резултат 2:0 (1:0) и со тоа ја зачува лидерската позиција на табелата во групата А.

Луј ван Гал не сакаше ништо да препушти на случајноста, па извади силен состав за да го освои првото место и да избегне потенцијален дуел со Англија во осминафиналето.

Холандија поведе во 26. минута кога повторно блесна неверојатниот Коди Гакпо. Класен му ја остави топката, а Гакпо ја однесе во средината и биеше во корнер од околу 18 метри за 1:0.

Холандија можеше да постигне уште еден гол пред полувремето, Депај имаше две убави шанси, но на крајот не беше доволно концентриран.

На Депај му недостасуваше малку среќа и концентрација во 49. минута кога од шеснаесетникот шутираше директно кон голманот, но Френки де Јонг налета на одбиената топка и погоди за 2:0.

Холанѓаните го намалија темпото по вториот гол, знаејќи дека го обезбедија првото место, па Ван Гал ги претстави Јансен и Бергхаус. Двајцата комбинираа во 68. минута, но ВАР на почетокот на акцијата сигнализираше игра со рака, па беше откажана.

До крајот немаше многу возбудувања, Холанѓаните потрошија време, штедеа енергија и освоија важни бодови за потврда на лидерската позиција.

Холандија во сабота од 16 часот ќе игра во осминафиналето против второпласираната селекција од групата Б, а како што стојат работите тоа ќе бидат Иран или САД, под услов Англичаните да не „кикснат“ со Велс. Тие два натпревари се на програмата вечерва од 20:00 часот.