Галатасарај си постави за цел, турскиот репрезентативец и член на Милан, Хакан Чалханоглу да го донесе во своите редови, па започна со работа да го направи трансферот на фудбалерот во Истанбул уште во јануари следната година.
Фатих Терим, им понуди на Милан 6 милиони евра за услугите на турскиот репрезентативец Чалханоглу, бројка што се смета за премногу ниска од двојката Бобан-Малдини, бидејќи за Чалханоглу беа исплатени 20 милиони евра пред две години.
Во наредните денови се очекува лидерите на двата клуба повторно да седнат да преговараат.