Пациентите во Аџибадем Систина денеска имаа екслузивна можност да се фотографиираат со шампионскиот пехар, кој РК „Вардар“ го освои со победата во ЕХФ Лигата на шампиони.
Еуфорија, огромна радост и многу насмевки на нивните лица. Најрадосни беа најмалите пациенти, но ниту возрасните не можеа да ја сокријат возбудата.
Аџибадем Систина шест години е поддршка на РК Вардар.
