ГАЛЕРИЈА: Вардар ќе ја брани европската титула во Келн!
Ј П29 април 2018
Европскиот првак Вардар на крајот на мај повторно ќе биде во Келн, Германија каде ќе го брани трофејот освоен лани. На реваншт четврт-финалниот меч против Кил во Скопје гостите во последната минута постигнаа два гола и победија со 28-27 (13-13). Но, бидејќи на првиот меч во Германија победи Вардар со 29-28 поради повеќе голови постигнати во гости на Ф4 турнирот ќе патуваат „црвено-црните”.