Звонимир Бобан беше отпуштен од Милан поради критикување на директорот на клубот Иван Газидис во интервју за локалните медиуми.
Тој го спореди сегашниот Милан со Северна Кореја и неговото однесување откако го напушти клубот не му се допадна на поранешниот директор на италијанскиот гигант Адријан Галијани.
„Не можам да ги поднесам луѓето што го напуштаат клубот, а потоа во медиумите зборуваат дека треба да се стори нешто. Ако работите во клубот, тогаш сте таму со сето свое срце, а кога не сте таму, подобро да молчите“, рече Галијани.
Потсетуваме, расправијата помеѓу Газидис и Бобан се појави кога Газидис реши да го ангажира Ралф Рангник, а сето тоа без да се консултира со Звонимир Бобан и Паоло Малдини.