Аргентинскиот дефанзивец Алехандро Гарначо го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед до 2028 година.
Гарначо имаше договор со „црвените ѓаволи“ до летото 2024 година.
Англиските медиуми шпекулираат дека според новиот договор Аргентинецот ќе заработува десет пати повеќе отколку сега.
Locked in 🔏
We are thrilled to announce @AGarnacho7 has committed his future to United! 🤩#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) April 28, 2023
Гарначо пристигна на Олд Трафорд на 16 години од Атлетик и важи за еден од најталентираните играчи. За првиот тим дебитираше пред една година, а има се посериозна улога под водство на Ерик тен Хаг.
По добрите игри во клубот, тој доби покана да дебитира за аргентинската репрезентација.
Тој во последно време не е на теренот поради повреда, но се очекува повторно да игра пред крајот на сезоната.
