ФУДБАЛ

Гасперини го почитува Јунајтед

Многу важен натпревар вечерва во Бергамо во рамките на 4. коло од Лигата на шампионите ќе одиграат домашната Аталанта и Манчестер Јунајтед.

Пред две недели „црвените ѓаволи“ славеа на „Олд Трафорд“ со резултат 3:2, па домашната екипа сака да се реваншира вечерва. Во италијанскиот клуб се свесни дека голем тим им стои пред нозе, а за Јунајтед со одбрани зборови проговори и тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини.

Тој истакна дека Јунајтед има широк играчки кадар и дека тимот има моќ во секој момент да ја промени ситуацијата на теренот.

„Ова е феноменален тим, без разлика што моментално имаат подеми и падови. Имаат широк играчки кадар, а тимот може да игра на многу начини. Нивната најголема вредност е што можат да го свртат текот на борбата во своја корист во секое време“, изјави тренерот на Аталанта.

Гасперини се осврна и на преземањето на Тотенхем од Конте.

„Знам дека сакаше да се врати во Премиер лигата и среќен сум поради него. Разговаравме неодамна и мислам дека ќе успее во Тотенхем“, заклучи Гасперини.

 

ПОВРЗАНО

Премиер Лига