ФУДБАЛ

Гатузо блиску до интересен тренерски ангажман

Италијанецот Џенаро Гатузо се уште чека тренерска работа по заминувањето од клупата на Наполи.

Легендарниот фудбалер на Милан се поврзуваше со Ренџерс, но и со некои клубови во Англија, но новите информации говорат дека Гатузо би можел да биде на селекторската позиција.

Грција сака да го освежи стручниот штаб и играчите пред Лигата на нации, но и квалификацискиот циклус за ЕВРО 2024, па го гледаат Гатус за нов селектор на националниот тим.

Гатузо тренерската кариера ја започна во 2013 година во Сион, а потоа продолжи во Палермо. Ги водеше и Пиза, Милан и Наполи.

Споменатиот стручњак веќе имал контакти со грчкиата федерацијс, со оглед на тоа што во 2014 година кратко време беше селектор на ОФИ Крит, па преземањето на грчката репрезентација и не би му било толку непознато.