Џенаро Гатузо синоќа го оствари својот прв триумф како тренер на Наполи во натпреварот кој беше решен на самиот крајот против Сасуоло. Годината ја затвори со три бода и ова е важно, со тоа што италијанскиот тренер навидум веднаш започна да размислува за засилувања.
Според она што го откри „Скај“, Гатузо ја откри и својата прва желба, бидејќи ги повика водачите на Неапол да го доведат Сеад Колашинац на „Сан Паоло“. Дефанзивецот, кој игра за Арсенал минува низ тежок период во Лондон и неговиот трансфер во Серија А не би било изненадување.
Разговорите со „Топџиите“ остануваат проблем бидејќи Колашинац има уште две и пол години од договор и мала е веројатноста дека Арсенал лесно ќе се ослободи од Босанецот. Покрај тоа, Рома го гледа 26-годишниот играч како идеална замена за Коларов, кој веќе има 34 години и оваа сезона може да биде последна за него.
Гатузо изрази желба да го донесе Колашинац во тимот, а останува да се види како ќе го постигнат ова челниците на Наполи.