ФУДБАЛ

Гатузо има необичен проблем, еве зошто не присуствуваше на прес конферренцијата (ФОТО)

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо не се појави пред камерите по натпреварот против Реал Сосиедад.

Многумина беа изненадени зошто Гатузо не одлучи да зборува откако неговиот тим со нерешено 1: 1 отиде како прв на табелата.

Него го замени неговиот помошник Џиџи Ричио, кој објасни зошто Гатузо не давал изјави.

“Гатузо има проблем со окото. Тоа е проблем со кој живее веќе некое време. Понекогаш се затвора како вечерва, но потоа сè се враќа во нормала”, рече Ричио.

За време на натпреварот, камерите успеаја да го забележат и моментот кога десното око на Гатузо беше полузатворено.