Италијанските медиуми објавија дека Џенова го контактирала Џенаро Гатузо за можна соработка. Наводно, Давиде Балардини не ги исполнува очекувањата на раководството на тимот, па Џенова и оваа сезона ќе се бори за опстанок. Постои голема веројатност за таа цел да биде успешна да го ангажираат Џенаро Гатузо.

Како што е познато во Џенова настапува македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев, кој ја игра последната сезона. Од репрезентацијата, како што е познато се прости, сега останува да ја доврши сезоната и во Џенова и потоа да ги „закачи копачките“.
Воедно е познато дека Гатузо беше тренер на Елиф Елмас во Наполи, потоа беше назначен за тренер на Фиорентина, но на оваа позиција остана неполн месец. Во моментов е без ангажман.