ФУДБАЛ

Гатузо одби да се врати во Серија А.

Џенаро Гатузо, наводно, одбил работа во Сампдорија, откако разговарал со првиот човек на Џенова, Масимо Ферер.

Според „Gazzette dello Sport“, како и неколку други италијански медиуми, Гатузо денес го повикал Ферер и му рекол дека нема да ја прифати понудата.

Наводно Сампдорија на Гатузо, му понуден двегодишен договор и одврзани раце кога станува збор за „трансфер стратегиите“.

Сампдорија се раздели со Ди Франческо по лошите резултати во првите седум кола во новата сезона во Серија А, а кога Гатузо одби да дојде во овој клуб се уште не е познато кој би можел да биде негова замена.

Една од целите на Сампдорија беше, наводно, Стефано Пиоли, но тој добил работа во Милан.

Тренингот на тимот, сè додека не се најде нов тренер, го води Анџело Поломбо – помошник тренер.

Патем, Гатузо е без ангажман од мај оваа година кога ја напушти клупата на Милан.

ПОВРЗАНО

Серија А