Утре вечер Наполи на домашен терен ја пречекува Барселона во првиот осминафинален меч. Пред овој дуел Гатузо зборуваше за очекувањата и шансите.
-Сите велат дека мораме да го затвориме Лионел Меси. Но, тоа не е така, нема само Меси да игра против нас. Секако тој е инзвореден играч. Она што тој го прави сум го видел само на видео игри. Тој е пример кој децата треба да го следат, на теренот, но и во животот, вели Гатузо.
Натпреварот се игра утре вечер со почеток во 21:00 часот.