Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, наскоро ќе се впушти во многу важна мисија, пишува „Gazzetta dello Sport“.
Младиот стручњак има намера да ги убеди Пјотр Зилински, Дрес Мертенс и Арек Милик да останат во клубот.
Сите тројца беа поврзани со заминувањето во претходниот период.
Договорот на Мертенс истекува на крајот на сезоната и постои опција тој да потпише за Интер или Челзи како слободен агент. Сепак, споменатиот извор известува дека Гатузо би можел да го убеди да остане со тоа што ќе му каже дека може да стане дел од нешто големо во следната сезона.
Напаѓачот Милик, од друга страна, се поврза со Милан и Јувентус, но би можел да се премисли кога станува збор за трансфери и да остане верен на страсниот тренер.
Што се однесува до Зилински, неговата ситуација е најмалку итна во моментот затоа што има договор до крајот на следната сезона. Но, ако не се продолжи во наредните месеци, Зилински би можел да замине и бесплатно.
Сепак, сите тројца може да останат на стадионот „Сан Паоло“ бидејки Гатузо, како и целиот тим, успеаја да ги мотивираат, откако пристигна на клупата во декември.
Дека фубдалерите на Наполи уживаат да работат со Гатузо, покажува и фактот дека екипата оствари четири победи на пет меча пред да биде прекината лигата. Тоа им донесе скок на 6-то место во Серија А со девет бода помалку од Аталанта која ја има последната позиција која води во Лигата на шампионите.