Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо по натпреварот призна дека Интер беше подобар тим во 222-то големо Миланско дерби.
Милан ја чуваше мрежата, се до судиското надополнување, кога Мауро Икарди ја искористи големата грешка на Џанлуиџи Донарума и погоди за голема победа на Интер.
“Интер беше подобар тим на теренот и, секако, заслужува многу повеќе од нас, но ние можеме само да жаламе што загубивме на овој начин. Да останеше 0:0, ќе имав да кажам многу добро за нашата игра, но вака впечатокот е сосема поинаков”, рече Гатузо, и продолжи:
“Жал ми е што во последните 15. минути толку лошо истрчувавме во контра-нападите, мислам дека би можеле да извлечеме повеќе од нив. Сепак, јас сум задоволен со начинот на кој мојот тим одигра вечерва. Држевме темпото, но на крајот примивме гол и изгубивме”.
Тренерот на Милан не сакаше да го критикува Џанлуиџи Донарума.
“Ние не изгубивме поради Донарума. Не ми се допаѓа да издвојувам поединци, ни по победа, ни по пораз. Загубивме поради тоа што целиот не натпревар игравме доволно смело. На крајот бевме збунети и тоа не чинеше”, изјави Гатузо.