ФУДБАЛ

Гави го пропушти тренингот на Шпанија поради полесна повреда

Шпанскиот фудбалер Гави го пропушти денешниот тренинг поради полесна повреда, ден по ремито на неговата репрезентација со Германија на Светското првенство.

Младиот играч за врска вчерашниот натпревар (1:1) го заврши во 66. минута, а според информациите не се очекува повредата да влијае на неговиот настап во последното коло од групата Е против Јапонија.

Гави (18) беше стрелец во првото коло на Мундијалот во убедливата победа против Костарика (7:0), со што стана најмладиот стрелец на Мундијалите од 1958 година и голот на Пеле.

Шпанија во последното коло влегува со првопласирана и четири бода, а за пласман во осминафиналето доволно е и реми. Јапонија и Костарика имаат по три бода, а Германија е последна со бод.

Во последното коло в четврток Шпанија од 20 часот игра против Јапонија, а во исто време се среќаваат Германија и Костарика.