ФУДБАЛ

„Ѓаволите“ му нудат пари на Мегваер за да си замине!

Манчестер Јунајтед е подготвен да плати 10.000.000 фунти на Хари Мегваер за да го напушти „Олд Трафорд“, пренесува „Скај Спорт“.

Има ли поголем срам за играч од тоа кога некој клуб е спремен да му плати за да си замине? Тоа е она што Мегваер го доживува во Јунајтед.

Според „Скај Спорт“, Мегваер е толку непожелен во тимот што ќе му платат 10.000.000 фунти за да си замине.

Да потсетиме, Мегваер се пресели од Лестер во Јунајтед за рекордни 80.000.000 фунти во 2019 година, а како одминуваше договорот, тој стануваше се полош и полош. Дури и селекторот на Англија, Герет Саутгејт на прес-конференцијата истакна дека Хари мора да го подигне нивото на игра доколку сака да остане дел од националниот тим.

Ерик тен Хаг има намера сериозна реконструкција на тимот и засилувања достојни за Лигата на шампионите, а очигледно Мегваер не е на задоволително ниво.