Златан Ибрахимовиќ пристигна во Милано на почетокот на оваа сезона како слободен агент, а потпиша договор до крајот на сезоната.
Многумина се сомневаа дека Ибрахимовиќ ќе направи предност во тимот на Милан затоа што тој веќе има 38 години, но тие не беа во право. Тој од јануари има одиграно 17 натпревари во Серија А, и успеа да постигне девет гола и да додаде пет асистенции.
Ибрахимовиќ на тој начин покажа дека има уште многу да покаже и дека сè уште не е време за пензија. Неговиот договор со Милан истекува во наредните денови и повеќе за неговата судбина ќе се знае на почетокот на август.
Сепак, „Ла Газета дело Спорт“ вечерва пишува дека Ибрахимовиќ „скршил“ и дека решил да остане во Милано. Тој скоро сигурно ќе потпише едногодишен договор, а официјалната потврда се очекува наскоро.
Наводно, челниците на клубот го убедиле да остане на „Сан Сиро“, а во „убедувањето“ учествувале и неговите соиграчи. Ибрахимовиќ одлично се вклопи во тимот, а очигледно е дека не сака да го напушти Сан Сиро по само половина година.