ФУДБАЛ

Геј ѕвезда на Чемпионшип „излезе од плакар“: Соиграчите го поддржаа, семејството веќе знаеше

Во моментов во англиските професионални лиги нема фудбалери кои јавно признале дека се геј.

Сепак, тоа ќе се промени веќе следната недела, пренесува The Sun.

Овој таблоид тврди дека играчот кој настапува во Чемпионшип планира следната недела да се појави во ТВ интервју и да ја признае вистината пред јавноста.

 

„Клубот јасно стави до знаење дека тоа е негова одлука и дека ќе го поддржи она што сака да го направи“, се вели во соопштението.

Тој им кажа на соиграчите, некои дури во петокот, а тие му понудија и поддршка“.

 

Велат се е во чекор со времето.

 

„Фудбалските соблекувални останаа во чекор со времето и никој од играчите не го гледа тоа како голема работа. Тие се повеќе ги интересира како игра и како тренира. Тој е високо ценет член на тимот“.

 

Па за кого зборуваме, треба да дознаеме следната недела.