На неколку дена пред почетокот на сезоната, еден од најдобрите играчи на сите времиња, Кристијано Роналдо, изненадувачки го напушти Јувентус.
Роналдо се врати во Манчестер Јунајтед, а за неговото заминување проговори и генералниот директор на Старата дама, Маурицио Аривабене.
Тој истакна дека Јувентус е малку потресен од заминувањето на Роналдо и дека тоа всушност е сосема нормално.
„Сезоната за нас започна со заминување на важен играч, па Јувентус беше малку потресен. Кога ќе замине играч како Роналдо, таквата ситуација е неизбежна. За добро или лошо, тој имаше голема одговорност во тимот“, изјави генералниот директор на Јувентус.
„Мислам дека тоа беше природно, но сега играчите се чувствуваат посигурни и презедоа дел од одговорноста и се движат во вистинската насока. Ова треба да биде еден добар тимски дух во тимот“, рече Аривабене.
Да потсетиме, Јувентус во Серија А не се истакнува. По 13 кола е на 8. место со 21 бод. Од друга страна во Лигата на шампионите успеа да се пласира во осминафиналето.