ФУДБАЛ

Герет Бејл и Лука Јовиќ беа вратени дома од тренингот на Реал Мадрид

Реал Мадрид е во неволја пред натпреварот со Леванте, но и пред натпреварите во Лигата на шампионите каде играат против Манчестер Сити.

Поточно, Герет Бејл и Лука Јовиќ се вратија дома од тренингот на Реал, причината за тоа е стомачен вирус.

Зидан сега се плаши дека и некој друг играч може да заврши како Бејл или Јовиќ, и ги остави дома за да ги зачува останатите играчи безбедни.

Покрај вирусот на желудник, Зидан е загрижен и за Бензема, кој на последните осум шампионски натпревари постигна само еден гол.

Како шлаг на тортата, денес се појавија информации дека по истекот на договорот, Серхио Рамос ќе го напушти Реал Мадрид.